Денес, во 17:30 часот, жителите на скопската населба Тафталиџе ќе се соберат на улица „Букурешка“, во паркот кај лулашките, каде општината Карпош почнува да гради зграда.
„Овој петок 13-ти да се здружиме вo 17:30 со цел зачувување на паркчето на улица ‘Букурешка’ од урбаниот хорор кој и се случува на населбава. По тој повод, се организира маалско дружење во паркчето на крајот на улицата до новата сина зграда.
Причина за оваа дружба е посочување на значењето на оваа и другите зелени површини во населбата за граѓаните преку најразлични активности: Спортување, Уметничко катче, Музика, Маалски муабети итн. Да не дозволиме да продолжат да ни ги рушат спомените како што тоа го сторија со: зградата на Мексичка (ДРВЕНИ), дворот и игралиштата на Коменски и многу други места низ населбава и општината! Затоа Ве повикуваме сите кои што ве засега иднината на ова и сите други слични места кои ве асоцираат на младост, дружба, смеа итн. да се приклучите на оваа иницијатива/дружба!И врз твоите спомени фрлаат бетон!“, пишува на фејсбук групите Ние сме Карпош 4, Заедно за заштита на Карпош и Зелено Тафталиџе.