Чистата бела тула, дрвените тонови и совршен спој на шик елементи се елементите по кои овој стан е специфичен. Исто така, голем број на интересни елементи му даваат посебно убав акцент на овој простор.
Дизајниран од страна на руската дизајнерка Елена Василиева, која живее и твори во Дубаи, овој стан претставува пример на модерен ентериер кој целосно се вклопува во целосното опкружување.
Овој простор е исполнет со разни типови на текстил, кои се потенцирани од неутралното и придушено осветлување.
Освен модернистичките елементи како софата, ТВ комодата, висечките елементи, кујната и слично, во овој простор се наоѓаат и неколку интересни уметнички дела, коишто му даваат посебен уметнички впечаток на целиот ентериер.
Во суштина, светол и пријатен простор за живеење каде секој корисник добро би се вклопил.