Компанијата Ford патентира нов вид воздушно перниче за автомобили, која е опишано во документите како сигурносна клетка (safety cage). Според производителот, новината е наменета за патниците на задните седишта и е многу подобра од сегашните перници и завеси.
Таа може ефективно да ги заштити патниците на задните седишта од фронтални, странични или удари одзади. Новото воздушно перниче има U-форма и се монтира на покривот, во задниот дел на кабината. За работата на системот одговара посебен процесор, кој ги собира и анализира информациите од различни сензори.
Системот одредува дали е монтирано детско столче и воопшто патуваат ли луѓе во задниот дел на возилото. Во вториот случај се користат, освен стандардните сензори за тежина и инфрацрвени индикатори и дури камера. Во оваа фаза нема информации кога новата воздушно перниче ќе се појави во сериско производство.
Барањето за овој патент Ford го има поднесено пред повеќе од две години, но дури сега му е одобрено од страна на американското патентно биро под број US9321423 B2 и назив Roof mounted rear seat airbag safety cage.