Оваа куќа е продукт на реконструкција и доградба на еден стар магацин за чамци на езерото Онтарио во Канада, во близина на местото Мускока. Сместена на крајот на тесниот залив на езерото, оваа куќа е во непосредна близина и на шумски предел. Ова допринесува од оваа куќа да се пружаат различни погледи кој еден од друг не се знае кој е подобар, гледајќи кон езерото и шумата.
Новопроектираните надворешни скали кои од приземниот ден водат директно на кровната тераса на катот која го покрива предниот дел на приземјето, поставени се како гест на гостопримство. Оваа тераса претставува главно собиралиште поради висината и пространоста па така и визурите од ова место се подобри.
Горното ниво освен терасата е предвидено и како простор за живеенје, па така таму е сместена спалната соба, бањата, и во еден поголем отворен простор е сместена дневната соба, кујната и трпезаријата.
Оваа градба во себе користи рустични и модерни материјали и техники на градење па така ова е идеален склоп на модерното со примеси на рустичност.