Насловна / Вести / Општина Штип го асфалтира патот до село Суво Грло во должина од четири километри

Општина Штип го асфалтира патот до село Суво Грло во должина од четири километри

 Градежната фирма „Коле Транс инжињерин“ почна со асфалтирање на локалниот пат до штипското село Суво Грло. Александар Југов од Фондацијата ЛЕР ИТ при Општина Штип вели дека локалниот пат до оваа штипско село е во должина од четири километри, а средствата се обезбедени преку Агенцијата за фиансиска подршка и развој на земјоделството.suvogrlo4
– Инвестицијата за изградба на овој пат е три милиони денари, а освен овој пат во текот на наредните денови ќе се асфалтираат улици во селата Селце и Драгоево, а од среда во населбата Стар Карорман, каде што инвестицијата е околу три милиони денари – изјави Александар Југов од Општина Штип.

Испрати коментар

Scroll To Top