Во Музејот на Македонија исчезнаа златната обетка со приказ на Ерос и Амор, златната обетка со приказ на гулабица, која е прикажана на аверсот и на реверсот на банкнотата од 1.000 денари, златната обетка со приказ на лавовска глава, како и златна обетка украсена со гранулации и палмети на која од горната страна има сфинга која седи, а е прикажана на аверсот и на реверсот на банкнотата од 500 денари. Последниот предмет е најден на локалитетот Црквиште во битолското село Беранци. Досега, не е утврдено каде се однесени наоѓаат овие мошне важни артефакти.
Голем број артефакти кои никаде не биле евидентирани, биле пронајдени во канцеларии и во други простории на вработени во Музејот. Ова го утврдиле истражните органи при контролата на Музејот за да се открие кога и каде исчезнале артефактите. Тие биле изненадени кога предметите наместо до депото ги забележале на полиците и на бироата на дел од вработените и на други несоодветни места.