Вкупно 20 компании се интересираат за проектирање, изградба и концесионирање на двете хидроелектрани, со тоа што подигнале документација за учество на тендерот.
Од сите овие фирми, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе побара да достават предлог за техничко решение за искористување на хидро потенцијалот на Црна Река.
Сите влади досега бараа, но никако не најдоа компанија која ќе вложи 500-800 милиони евра во хидроцентралите на Црна Река.
Се досега како стратешки инвеститори, беа споменувани гиганти како „РВЕ“, „ЕНЕЛ“, „Вербунд“, „Старткрафт“…
Ова е 12 ти тендер за изградба на двете електрани.