Ова е еден од најголемите биволи во светот, чии рогови имаат распон од речиси 1,5 метар и всушност е еден од најпопуларните биволи во Јужна Африка.
Тој е вистински златен рудник, а сите го бараат заради неговите беспрекорни гени и распонот на рогови, а неговата цена е околу 10 милиони евра.
Со оглед на тоа што ловот е еден од најпознатите профитабилни бизниси во Африка, биволите со голем распон на рогови каков што ги има Хоризон, тука ги доведува најискусните ловци од целиот свет кои се во потрага по своите трофеи.
Хоризон има наследници кои се со висок квалитет, а вредноста на женките кои тој ги оплодува скокнува и за три пати.
На пример, цената на нормално оплодени женки биволи е околу 40.000 евра, додека оние оплодени од Хоризон чинат и над 150.000 евра.
Хоризон сега е во сопственост на четири бизнисмени од Јужна Африка и живее на фармата на еден од нив. Секој од овие бизнисмени има можност да го спарува Хоризон со десет крави годишно, и се стекнуваат со право на неговите потомци, што значително им го зголемува бизнисот.