Насловна / Вести / Биткоин доби лиценца да стане платежна валута во сите земји од ЕУ

Биткоин доби лиценца да стане платежна валута во сите земји од ЕУ

Дигиталната парична валута биткоин, со која се врши интернет-плаќање во истоимената дигитална платна мрежа, доби лиценца за употреба во Европската Унија. Министерството за финансии на Луксембург издаде лиценца со која се одобрува биткоин да стане платежна валута во сите земји од ЕУ.bitcoin

„Со ова, Битстемп е во можност да учествува во бизнисот во сите 28 земји членки на ЕУ“, изјави Ден Морхед, извршен директор на Bitstamp и на Pantera Capital, фирма која е специјализирана за инвестиции поврзани со биткоин.

Откако оваа дигитална валута се најде во неколку хакерски скандали и така ја загуби својата вредност, со овој потег Европската Унија би требало да ја врати на респектабилно ниво.

Со оваа лиценца, биткоин ќе стане валута која ќе може да се примени кај процената на вредноста на добрата и услугите, како и за останатите физички валути. ЕУ со овој потег ќе добие увид во движењето на валутата, односно таа ќе остави свој белег, доколку европските челници имаат поголема контрола над парите.биткоин

Досега овој платежен систем се користи во некои држави, но неговиот пробив се покажа како голем предизвик.

Во САД тој сé уште функционира во одвоени средини, зависно од финансиските уреди на сојузните држави, но оваа одлука на ЕУ сигурно ќе даде огромен интезитет.

Bitstamp почна да работи на добивање лиценца од Луксембург уште пред две години, откако им пропадна обидот за одобрение од Велика Британија.

Испрати коментар

Scroll To Top