Марјан Живиќ и Лана Вукичевиќ се тимот на хрватската компанија Lumidream, формирана во 2015 година, која креира иновативни производи за уредување на домот. Нивниот најнов производ “Brighter”, е панел кој пропушта доволно количество светлина, но штити од штетното влијание на UV зраците.
Инспирирани од јапонската традиција, тие овој производ го изработуваат од оризова хартија набавена токму од Јапонија, рамки од багрем и магнети.
Магнетите овозможуваат панелите да се поставуваат на прозорците наместо завеси или жалузини, или пак како самостојна преграда. Одржувањето е многу едноставно – само бришење со сува или влажна крпа.