Насловна / Вести / Бугарија доби 368 милиони евра од ЕУ за нова метро-линија во Софија

Бугарија доби 368 милиони евра од ЕУ за нова метро-линија во Софија

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Европската комсија денеска и одобри на Бугарија проект од 368 милиони евра за изградба на нова линија на подземната железница во Софија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Овие средства доаѓаат од Европскиот фонд за регионален развој, при што во првата фаза се предвидува финансирање на околу осум километри на новата метро-линија број „3“.

Според планот, во првата фаза е исто така планирана изградба на осум метро-постројки и купување на 20 вагони, како и проширување на мрежата на подземната железница со цел овозможување на подобро поврзување на населбите во главниот бугарски град со центарот на Софија.

Инаку, Софија ја доби својата прва линија на подземната железница во јануари 1998 година. Во моментов има две метро-линии во главиот град на Бугарија во должина од околу 39 километри и постојат 34 постројки.

 

Испрати коментар

Scroll To Top