Насловна / Хортикултура / Божиќно дрво

Божиќно дрво

Елката претставува општо име за сите видови на украсни зимзелени дрвја кои се користат како божиќно дрво. Од друг аспект тоа е точното име на традиционално најискористенен иглолосен вид за таа цел под име Abies spp. но независно од тоа дали станува збор за бор, смрека, ела и сл. за обичните граѓани одомаќинето е името елка.

Производството на божиќни елки е доста тежок процес. Во Западна Европа постојат планини на кои се одгледуваат садници за таа намена, при што се води селекција во однос на густината на игличките, како и степенот на големина и формата на гранките. Во голема мера тие се подложени и на поткастрување се со цел да се добијат висококвалитетни елки.

1280px-Balsam_Fir_Christmas_Tree_Pruning

Кај нас елките најчесто се произведуваат во шумските стопанства и во поедини приватни расадници, а во голема мера и се увезуваат од странство  се со цел да се задоволат потребите од висококвалитетни божиќни елки на пазарот. Многу честа појава особено во места во близина на шуми е да се користат нелегално откопани или исечени божиќни дрвја за да се искористи нивната висока декоративност, а за еколошката катастрофа која ќе настане од овие нелегални сечи и откопувања ќе се дискутира после празниците.

Природно пред вештачко божиќно дрво

Безсмисленото добивање на божиќни елки со сеча по шумските површини, создава после тоа голини кои го нарушиваат шумскиот екосистем. Сечата на садници со цел да се користат како божиќно дрво  од парковите во овој период од годината е големо. Тоа најчесто го прават несовесни граѓани за да заштедат пари, со цел да ги израдуваат своите најблиски, но има и такви кои истите ги продаваат.

ET_1211_ChristmasTree2

Кога веќе сте решени оваа година да украсувате природно божиќно дрво, најдобро е тоа да го купите со бусен или во контејнер. Контејнерското производство на садници е попрактично бидејќи сепак дрвото го купувате со корен, а тоа ви дава можност истото да го пресадите во вашата градина или некаде во природа кога условите би го дозволувале тоа. Доколку истото е без корен несватливо е како може луѓето да си дозволат да украсуваат божиќно дрво кое претходно самите или некој друг го убил.

Чуството на згрозување е уште поголемо ако се знае дека секоја година се уништуваат десетици илјади садници за божиќни дрвја. Доколку навистина сакате да одгледувате некој од видовите дрвја погодни за одигрување на улогата на божиќно дрво направете го тоа во вашата градина. Во случај да живеете во стан или од други причини немате услови за тоа никој нема да ви се налути доколку купите елка со бусен, а потоа да ја засадите во некој од блиските паркови или голини,а со ваквиот потег на своите деца со што би им ја подигнале еколошката свест.

Испрати коментар

Scroll To Top