Оваа вила се наоѓа на сугестивна локација, езерото Комо во Италија. Вилата своето име го има добиено според истоименото езеро кое покрај својата мистична историја, изобилува со природни убавини и недопрена природа.
Оваа вила, всушност, претставува реконструкција на стар објект кој бил во многу лоша состојба, речиси целосно руиниран и неодржуван. За неговата реконструкција најпрво било потребно да се расчисти шутот околу него, да се отстрани и замени кровот, како и поголемиот дел од завршната обработка на објектот.
Освежувајќи го и реконструирајќи го овој објект, архитектите од италијанското архитектонско Studio Marco Piva успеале да направат еден објект кој е целосно посветен на уживањето и комодитетот на корисниците.
Одличните погледи кои се пружаат кон езерото Комо се овозможуваат од големите застаклени површини кои се насочени токму кон него.
Клучниот концепт на архитектите е да се развие континуитет помеѓу формалната структура и опкружувањето со привилегирање на светлите бои и природните материјали кои се во склад со околните зелени површини. Сето ова придонесува за пријатен, удобен и елегантен впечаток на овој објект во целина.