Телефонската анкета на почетокот од оваа грејна сезона, покажала дека над 30% од граѓаните на Сараево се откажале од користење на гасот за греење, и дури 85% од нив се префрлиле на некое цврсто гориво. Причината за овој тренд е покачувањето на цената на гасот во однос на другите енергенси, но одреден број испитаници како причини ги навеле и лошиот квалитет на гасот (ниската калорична вреднст), како и несигурноста во снабдувањето. Ова дополнително ја влошува состојбата со квалитетот на воздухот во градот во екот на грејната сезона.
Извор: energis.ba