Насловна / Арт и дизајн / Mercedes-Benz ja претстави својата прва луксузна јахта

Mercedes-Benz ja претстави својата прва луксузна јахта

Германскиот производител на луксузни автомобили Mercedes-Benz ја претстави по првпат својата јахта која е веќе видена на француската ривиера.jahta_4

Луксузната јахта Arrow 460 Granturismo Edition 1 е долга 14 метри, има два дизел мотори.

Ова е нивно прво пловило, коешто со својот изглед потсетува на хибрид од автомобил и брод, е создадено во партнерство со британскиот Silver Arrows Marine и може да достигне брзина од над 40 јазли.jahta_5

Луксузниот и софистициран ентериер е она што привлекува дополнително внимание, а особено поради употребата на отменото дрво еукалиптус.jahta_6

Јахтата, исто така, е опремена со сопствен клима-уред систем, своевидна „винарска визба“ и машина за правење мраз, така што гостите можат да уживаат во убавите животни задоволства за време на престојот.jahta_3

Максималниот капацитет е 10 лица, а вредноста на оваа импресивна Мерцедес јахта е 1,7 милиони американски долари.jahta_2 jahta_1

Испрати коментар

Scroll To Top