Дизајнирањето на еден ентериер, најчесто ги задоволува естетските критериуми на клиентите и дизајнерот, но „невидливите“ аспекти, како звукот, светлината, човековите чувства и слично, се оние сегменти кои го прават еден простор извонреден. Секој дизајнер може да дизајнира естетски простор, но не секој може да дизајнира простор кој освен естетика содржи и други позитивни, но невидливи аспекти.
Токму овој дом, кој е дело излезено од полското архитектонско биро ПЛ-Архитекти, од Познањ, е таков дом. Овој дом освен извонредната естетика која е видлива и на прв поглед, ги нуди и останатите аспекти кои веќе ги спомнавме а кои се дури и поважни од естетските аспекти.
Почнувајќи од дневната соба, особено од седечката гарнитура која е со заоблени рабови и дава чувство на мекост, мирољубивост и пријателство. Исто така, нејзината материјализација и боја даваат живост на просторот, додека пак жолтата боја дава чувсто на радост, среќа, енергичност и ведрина.
Исто така во детската соба се искористени жолтата и тиркизната боја во одредени елементи, додека пак белата боја ја поставува основата на собата. Токму поради ова, и во детсктата соба се прелеваат прекрасните чувства од дневната соба.