Понекогаш е доволно при проектирањето на еден простор да се употребат свежи колорити составени од мешавина на бои и со самото тоа да се формира простор кој е свеж, пријатен и комфорен за престој.
Овој стан во својата дневна соба, која по димензии е релативно мала, употребува свежи бои кои совршено се вклопуваат една во друга со што му даваат на овој простор свежина и чувство на пространост.
Освен интересната софа која е триделна по материјализација и интересниот тепих, исто така дел од ѕидовите и плафонот се обработени со дрвени елементи кои му даваат природен шмек и топлина на просторот. Во склоп на кујната, трпезаријата и дневната, поставени се и две работни маси кои им овозможуваат на корисниците пријатна работа во рамките на домот.
Спалната соба во ниеден сегмент не заостанува во споредба со дневниот простор. По свежина, комбинација на боите, удобност и функционалност, спалната соба е исто толку многу успешно обмислена како и дневната соба.