Водата во фонтаната „Воин на коњ“ на плоштад „Македонија“ по вчерашните протести, денеска е обоена со црвена боја.
Вчера беше фрлен прашок во водата од кој се создаде пена, рано утрово најверојатно била истурена поголема количина црвена боја.
Во моментов, во центарот на Скопје, се врши голема акција на чистење на фонтаната „Воин на коњ“ и на другите споменици, кои беа мета на вчерашните протести.