Насловна / Арт и дизајн / „Фенди“ има пролетна цвеќарница на мопед

„Фенди“ има пролетна цвеќарница на мопед

Fendi Ginza pop-up продавница во Токио, којa се протега на три етажи со нагласен ведар карактер на амбиентот, стана пораскошна за уште една необична мобилна цвеќарница. Јапонскиот уметник Азума Макото конвертира ретко виден Piaggio Ape мопед во мала продавница за цвеќе на тркала.фенди_6

Сите посетители на оваа Fendi продавница, освен во новата колекција, може истовремено да уживаат и во цветните инсталации кои се имплементирани во една засебна ботаничка градина која целосно го покрива мопедот.фенди_2

Со овој потег, модната куќа „Фенди“, реферира на своите мотиви и теми од луксузната пролет-лето колекција. На самиот мопед, освен галерискиот сегмент на цветни аранжмани во вазни, има и еден облик на мини тераса.фенди_3

Инаку, Макото со овој мопед, кој обично е симбол на Италија, на суптилен начин ги истакна италијанските корени и потеклото на „Фенди“.фенди_5 фенди_4 фенди_1

Испрати коментар

Scroll To Top