Насловна / Вести / Русите предвидуваат: Туризам во вселената за 10 до 15 години

Русите предвидуваат: Туризам во вселената за 10 до 15 години

Модули за вселенски туристи ќе биде поставени на Меѓународната вселенска станица (MSS) за 10 до 15 години, соопшти Игор Комаров, изјави директорот на Руската вселенска агенција – „Роскосмос“.

„Верувам дека во следните 10-15 години изгледот на MSS во голема мера ќе доживее промени. Ако има потреба, може да се додадат посебни делови посветени на идните вселенски туристи “, рече Комаров за RT.InternationalSpaceStation

Меѓународната вселенска станица, лансирана во 1998 година, се состои од различни модули и во нејзиното функционирање учествуваат Русија, САД, Канада, Јапонија и Европската вселенска агенција.

Комаров, исто така, изрази надеж дека во следната деценија и пол ќе се дојде до можноста за одржување и поправка на апарати во орбитата, кои се испорачуваат од Земјата, вклучувајќи орбитални и товарни возила.

Испрати коментар

Scroll To Top