Врвот на еквадорскиот вулкан Чимборазо на височина од 6.268 метри, е најоддалечената точка на површината на Земјата од нејзиниот центар, потврди француска истражувачка експедиција.
Иако според надморската височина е далеку под Монт Еверест кои е висок 8.848 метри, врвот Чимборазо поради својата географска положба е два километра пооддалечен од центарот на Земјата.
Имено, врвот на овој вулкан не е далеку од екваторот, каде што Земјата поради својата сферична форма е „подебела“.
„Врвот Чимбораза е на 6.384 километри од центарот на Земјата, а Еверест е оддалечен 6.382 километри“, изјави Жан-Матје Ноке, истражувач во Францускиот истражувачко-развоен институт (IRD) кој учествувал во истражувањето.