Историскиот град Тералиа подигнат во 1930 година на австралиската островска сојузна држава Тасманија понуден за 11 милиони долари веќе привлекува интерес од потенцијалните купувачи, пишува во средата австралиска мрежа ABC.
Тералиа (Tarraleah) е сместен на централниот ридест дек од Тасманија а во 1930 година бил подигнат за две илјади работници кои таму работеле на изградба на брана за блиската хидроцентрала.
Населбата е речиси опустена од жители во текот на 1990-те, кога хидроцентралата е автоматизирана.
Станува збор за место со 33 објекти изградени во арт-деко стилот, со театар, училиште, црква и куќи од кои не кои се неповратно уништени. Се простира на 145 хектари.
Сегашниот сопственик на гратчето, Џулина Хорнер последните 13 години напорно го одржувал и реставрирал местото коешто во меѓувреме прерасна во туристичка атракција за планинари, рибари и туристи. Во него се функционални колиба во којашто може да се преспие, бар, кафуле и уредено место на кое се ловат пастрмки.
Агентот со недвижнини Џон Блеклоу вели дека градот може да постигне цена меѓу 8,4 и 11 милиони американски долари, како и дека од пред неколку дена, од минатиот четврток, откако Тералиа е понудена на продажба, интересот на потенцијалните купувачи е голем, а прашања му пристигнуваат од целиот свет.
„Во последните неколку дена имавме повици од заинтересирани од Холандија, Кина, Хонгконг и Сингапур“, вели Блеклоу и додава дека населбата е погодна и особено интересна за туристички оператори.
Вели дека од градот Хобарт е оддалечен 126 километри, опкружен е со планини и негибната природа, а веќе досега гратчето годишно од туристите заработува два милиони долари. Појаснува дека градот се продава во целина, но дека купецот подоцна може да ги продава засебно куќите или делови од земјиштето.