Понекогаш сè што е потребно во еден дом е централно „жариште“ кое ќе му даде специфичност на целиот ентериер и ќе ја разбие едноставноста и елеганцијата во него. Оваа модерна куќа е проектирана од стана на архитектот Павел Војтов од Киев, Укрина.
Сета елеганција и отменост која се јавува на приземјето, каде се сместени дневната соба, трпезаријата и кујната, е разбиена, разиграна и освежена со поставување на скалите, кои се скулптурално обработени. Нивниот дизајн и обработката во повеќе нијанси и бои, даваат голема динамика и освежување на просторот.
Употребата на детали со жолта боја во дневната соба, но и во спалните соби, на оваа куќа и даваат една пролетна свежина која влијае и на расположението на станарите, како и на ведрината на целиот дом.
Исто така, мебелот и материјалите во приземјето се така одбрани, што на овој простор му даваат пријатна атмосфера, благодарение на интензивната употреба на дрво, метал, текстил и природен камен и гранит.
Спалните соби се сместени на катот на оваа преубава куќа, и секоја од трите спални соби раскажува своја приказна. Исто така, овде се користат дрвото, стаклото, металот и текстилот во изобилие, па така и спалните соби се пријатни катчиња за одмор и опуштање во интимниот дел од оваа куќа.