Насловна / Арт и дизајн / Пронашол дело на Караваџо додека го поправал покривот!

Пронашол дело на Караваџо додека го поправал покривот!

Сопственик на куќа во Тулуз, Франција, решил да го поправи покривот што протекувал, а кога се качил на таванот, пронашол најверојатно дело од славниот уметник Караваџо, вредно 120 милиони евра.

Експерти од Франција потврдија дека долго изгубеното дело на италијанскиот сликар Караваџо, можно е да е пронајдено во стара куќа во Тулуз.karavadjo

Експертите на фирмата Eric Turquin, открија дека сопственици на куќа во Тулуз се качиле на покривот да го најдат изворот на протекување вода, а попатно нашле уметничко дело, што може да биде дело на Караваџо, поточно сцена од библијата отсекување на главата на Јуда, што датира од 1600 година.

Караваџо насликал две верзии на отсекувањето на главата на Јуда, а едната од нив е изложена во Националната галерија за античка уметност во Рим, а другата исчезнала еден век подоцна откако била насликана.

Експертите велат дека сликата веројатно е заборавена во поткровјето повеќе од 150 години и дека е во одлична состојба, со оглед на тоа каде стоела цело време.

Големо прашање е дали делото најдено во поткровјето е навистина загубениот Караваџо, но експерите веруваат дека тоа е многу можно.

„Ова неодамна откриено уметничко дело можно е да е дело на Караваџо и има огромна вредност“, стои во официјалниот текст на владината страница Journal Official.

Одговорот ќе биде од големо значење за сопственикот, а начелно делото вреди 120 милиони евра.

Француските власти го прогласија за национално богатство, што значи во следните 30 месеци тоа не смее да се извезува, додека експертите не ја потврдат неговата автентичност.

Според радиото Europe1, галеријата Лувр во Париз е многу заинтересирана да го откупи делото, но за тоа треба да се најдат пари.

Портпаролот на Лувр потврди дека шефовите на галеријата го погледнале делото, но дека ќе поминат неколку месеци додека не се утврди дали тоа е втората верзија на отсекувањето на главата на Јуда од Караваџо.

Ако Лувр одбие да ја купи сликата од Француската држава, тогаш ќе може да биде продадена секаде во светот.

Како и да е, ако сликата е огиринал Караваџо, сопствениците на куќата ќе имаат повеќе од доволно пари да го поправат покривот што протекува.

Испрати коментар

Scroll To Top