Нови 80.000 барања за легализација на дивоградбите пристигнале во продолжениот рок до 31 март. Оние кои што навреме ги поднеле документите до крајот на 2017 година ќе можат да направат геодетскиот елаборати.
Рокот беше продолжен, а интересот за легализација голем. Од почетокот беа доставени над 360.000 барања.
„До завршување на рокот пристигнаа 80 илјади барања за легализација. Нашата проценка излезе реална бидејќи очекувавме од 50 илјади до 80 илјади барања. Осумдесет илјади е добра бројка односно граѓаните доставиле доста барања и сега останува општините да си ја завршат својата работа“, рече министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.
Започна и реконструкцијата на регионалниот пат во Чучер Сандево. Ќе бидат инвестирани 30 милиони денари. Од јули градот Скопје ќе продолжи со асфалтирање на делот од коцката.
Почнува асфалтирањето на неколку регионални патишта во земјава. Од македонија пат велат дека интервенциите се со цел подобрување на инфраструктурата.
Според надлежните, годинава активно ќе се работи на вкупно 24 регионални патишта и седум автопати со вкупна должина од околу 600 километри.