Градежните работи на изградбата на кружниот тек меѓу улиците „16.Македонска бригада“ и „Коце Металец“, во населбата Автокоманда се во завршна фаза.
Со овој проект ќе се изгради нов кружен тек со дијаметар на средишниот зелен појас од 60 метри, додека во самиот кружен тек ќе се формираат две сообраќајни ленти со вкупна ширина од девет метри.
Како дел од овој проект, ќе се изврши и реконструкција на коловозот на улиците „16.Македонска бригада“ и „Коце Металец“ на потег со вкупна должина од 630 метри.
На изградба на новиот кружен тек меѓу улиците „16.Македонска бригада“ и „Коце Металец“ работат екипите на градежната компанија „Бауер БГ“, а Градот Скопје за овој градежен зафат ќе потроши околу 45 милиони денари со ДДВ.