Насловна / Архитектура / Јапонски искуства (2) – Полиси за урбан развој и конзервација на историски и културни области

Јапонски искуства (2) – Полиси за урбан развој и конзервација на историски и културни области

Надоврзувајќи се на сопствените скици и анализи од местата во Кјото и Осака, предавањата од локалните експрети, урбанистичките регулативи и ризикот од случување на природна катастрофа, студентите во краток временски рок создадоа едноставни предлози за тактилен урбанизам.pateka do Kijomizu

Патека која води до храмот Кијомцу

Нивната заедничка порака беа сензитивни пристапи за развој и конзервација во туристичките области, истовремено намалување на ризикот од загуба при случување на природна катастрофа и заштитување на културното историско наследство.

Во Кјото имавме прилика да се запознаеме со два исклучително внимателни предлози. Првиот – Know your way out, дизајн предлог за сигнализација на патеките во туристичката област на храмот Кијомицудера, и втoриот -Мини интервенции за подобрување на пејзажот и кејот на реката Камо.

Храмот Кијомицу е изграден во 778 година за време на периодот Хеиан. Објектот е дел од историските споменици на античкиот Кјото и претставува дел од светското наследство на УНЕСКО. Околината – пејзажот на планината, традиционалната архитектура, кочијашите на рикшо и луѓето облечени во кимоно сведочат длабока почит и однос кон локалното јапонско културно наследство. Проектот „Know your way out“ започнува со објаснувањето дека иако има многубројни тесни, стрмни улички кои водат до самиот храм, просторот односно паркот за евакуација од ова место се наоѓа на 20-30 минути пешачење на самиот почеток на патеките што водат до храмот.

Во 2007 година храмот беше прогласен за еден од 21 финалисти за новите светски чуда, истовремено претставувајќи ја најголемата дрвена конструкција на светот. Главниот објект е изграден со значителна конструктивна иновативност, без употреба на клинци за прицврстување на дрвената конструкција.Kijomizu vlez

Храмот Кијомцу

Сепак, при случувањето на катастрофа, можностите за евакуација не се едноставни, многу од патеките се спојуваат на влезот во една, повеќето од нив имаат скали и се тесни, храмот е тешко пристапен за лица со посебни потреби. Тоа навистина загрижува бидејќи секојдневно голема група на луѓе се искачуваат со желба за посета на ова културно и архитектонско наследство.

Мастер планот на Кјото, таканаречениот Мијако план, е поделен на четири категории: Збогатување, Витализација, Благосостојба и Пејзаж. Самото именување доволно посочува дека Јапонија е земја која достигнува висок развој на своето општество. Превенцијата од пожар и земјотрес се едни од клучните принципи во категориите Пејзаж и Витализација, дополнети со 11 приоритетни стратегии: Број 5.Туристичка стратегија да се следи есенцијата на патувањето и Број 11.znaci do Kijomizu

Објект со знаци

Стратегија да се заштитат нашите животи и нашиот начин на живот. Студентите приложија детална анализа на физичките компоненти, транспортната мрежа и близина на патеките до паркот за евакуација, густината на движење во различни временски периоди, раскрсници – нивните карактеристики и типови на корисници во различни делови од мрежата.

Завршувајќи ја синтезата на анализираните патеки, тие предлагаат концептуален проект за сигнализација и развој на шест различни рути за стигнување до паркот за евакуација. Секоја од патеките е поделена според различни групи – индивидуални туристи, групи на туристи, патека за постари лица, патека за луѓе со посебни потреби.

Сигнализацијата е од особена важност бидејќи заради строгите регулативи за поставување на знаци во јавен простор во Кјото, моментално забележуваме само минимални стрелки најчесто обележувајќи ги местата и колкава далечина има до нив, со недостиг на какво било обележување на знаци за евакуација.Rekata Kamo

Реката Камо

Со исклучок на фасадите кои се на самиот раб на кејот од реката Камо, самиот кеј којшто го претставува централниот дел на градот Кјото честопати изгледа како напуштено парче природа. Празниот простор во срцевината на градот е заради двојната функција на коритото, кое ја заштитува околината на градот при случување на поплави.

Мали групи на локални луѓе ги користат патеките за возење велосипед, дел доаѓаат на паузите од работа на краток одмор и многу мал број доаѓа повикан од сценографијата на реката да помине неколку часа во тој тивок и соголен од активности простор. Како да размислуваме за активирање на јавен простор во место коешто е истовремено и простор за заштита од поплавување, е основната појдовна точка на студентите за оваа локација.

Тие предлагаат едноставна трансформација на мрежата и пристапите кон реката, овозможувајќи на повеќе места да се појават излези и влезови кон коритото на реката коишто за време на поплавување би можеле да се затворат.rabotilnica

Работилница организирана од универзитетот Ритсумеикан од Јапонија и универзитетот Тамасат од Тајланд

Поврзувањето на историскиот град со реката преку движење би овозможило нова циркулација на речниот простор и можност за случувања со привремени архитектонски интервенции. Дополнителното обележување на патеките во однос на корисниците, осветлувањето и заштитувањето на природата, велат дека се императив односно клучна стратегија за планирање на кејот на реката Камо.

Заклучоците од работилницата доведоа до интересни дискусии за заштитата на историските области и намалување на ризикот од катастрофи, соодветно обележување на патеки, трансформирање на циркулацијата од пешаци во сооднос со карактерот на локалната архитектура и урбанизам. Развојот на примарна, секундарна и терцијална мрежа на движење е можен одговор на прашањето како ефикасно да се справиме со евакуацијата на различни групи луѓе.Kijomizu

Работилницата организирана од универзитетот Ритсумеикан од Јапонија и универзитетот Тамасат од Тајланд е значајна за двете земји бидејќи се соочуваат честопати со можноста од случување на природна катастрофа. Предлогот да се дизајнира и да се одговори со интервенција во јавен простор којшто истовремено има двојна функција и како простор за евакуација претставува предизвик за студентите, меѓутоа и постојана сложувалка за размислување за пристапите, циркулацијата, социјалниот и екомонскиот аспект, како и предлогот на физички интервенции во рамките на овие простори.Rekata Kamo 1

Зголемувањето на вниманието и свесноста за движење во посебни состојби на градот, е еден од клучните аспекти за урбаниот дизајнер, неговата способност да реагира и да одговори со тактилен урбанизам во различни промени и трансформации на урбаното ткиво. Тактилниот урбанизам и внимателното составување на полиси и правилници за справување со овие простори, се ’рбетот на составените мастер планови и стратегии за градот.

Александра Шекутковска, дипл.инж.арх.

(специјално за Порта3 од Јапонија)

Испрати коментар

Scroll To Top