Во рамки на Проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на Охридскиот регион поддржан од УНЕСКО, објавен е првиот број од електронскиот весник „Заштита на регионот на Охридско Езеро“, информира OhridNews.
Весникот е преглед на сите настани , факти и идни активности во контекст на промоцијата и зајакнувањето на капацитетите на институциите во охридскиот регион, од македонска и од албанска страна. Весникот е издаден на три јазици, а именувањето е согласно политиките на УНЕСКО.
УНЕСКО се залага за заштита на наследството на охридскиот регион преку зајакнување на институционалните капацитети, развивање на мерки за негова одржливост и промоција, како и интегралност преку подготовка за ставање на албанската страна на регионот под заштита на УНЕСКО.