Централно место во овој стан заземаат уметничките слики на ѕидот над софата во дневниот простор. Освен тоа, модерниот изглед го надополнуваат нежните и пријатни „капучино“ тонови на ѕидовите и на дел од мебелот.
Интересно за овој стан е да се напомене дека во недостаток на простор во кој би се сместил брачниот кревет, тој е подигнат на платформа која во себе ги има примено просторите за складирање и плакарите, а истовремено нуди поголема интима на просторот наменет за одмор и спиење.
Покрај основните простори, овој стан во себе содржи и работен простор, кој им пружа на корисниците удобна работа во рамките на овој и така мал дом.
Главниот елемент кој го освежува и развеселува овој простор е тепихот, кој користејќи зелени и кафеави пастелни тонови, дава дополнителна доза на динамика на просторот.