Малите станови сè повеќе се продуцираат и населуваат од младите брачни парови, кои за минимални средства сакаат да се осамостојат и да основаат свој сопствен дом.
Овој стан е доказ дека и еден мал стан од 21 метар квадратен може да биде убаво и пристојно место за живеење за едно тричлено семејство. Тој се наоѓа во една постара зграда во старото јадро на Прага, и со неговото реновирање се доби простор кој е целосно модерен и софистициран.
Дизајнерот, употребувајќи неколку интересни елементи, максимално го штедел просторот. Интересен детал е масичката што се расклопува по потреба, па така таа може да се претвори во поголема маса и од неа да излезат и неколку помошни столчиња.
Исто така, иновативен елемент е и брачниот кревет што се дига на ѕидот, а во текот на ноќта се спушта врз софата во дневната соба, додека пак третиот кревет е постојан, зад „параван“ кој е делумно транспарентен.