Технологија која нагласува а во исто време, претставува едноставен и софистициран дизајн, на пазарот не е ништо ново.
Со ваква идеја се поведе и дизајнерскиот тим Vifa, кој неодамна претставиле импресивен bluetooth звучник, a кој освен со својот беспрекорен квалитет на репродукција на звукот, плени и со својот компактен и дискретен изглед.
Именуван како „Осло“, неговите минималистички линии потсетуваат на еден вид моден додаток кој би сакале да го понесете со вас, како да е чанта.
Интересно е тоа што неговиот дизајн воопшто не остава впечаток дека се работи за звучник, со оглед дека дизајнерите ги здружија своите сили со познатиот дански производител за фини материјали и текстил – Kvadrat, со коишто овие звучници се обложени.
Со овој потег, корисниците се осигурале дека оваа мал, но моќен аудио елемент се вклопува во секое опкружување. Во прилог на звучниците „Осло“, во оваа серија се претставени и моделите „Хелсинки“, „Копенхаген“, „Стокхолм“. Цената е 560 американски долари.