Насловна / Вести / Градски ѕид со 24-часовно обезбедување

Градски ѕид со 24-часовно обезбедување

Градски ѕид деноноќно ќе го чуваат чувари. Општина Центар одлучи да постави чуварски служби долж блокот згради за да ги спречи се’ почестите девијантни појави, пишува „Утрински“. Општинарите деновиве пресметуваат колку чувари ќе им бидат потребни, на колку растојание ќе бидат поставени куќарките, а се утврдуваат и нивните обврски и надлежности.

градски ѕид

„Заклучивме дека само чувари ќе можат да помогнат да се спречат се’ почестите кражби на зеленилото и урбаната опрема, да се запре уништувањето на детските игралишта, испишувањето графити по зградите. Поучени од туѓи искуства заклучивме дека ниту видеонадзор или друга форма на надгледување и обезбедување нема да има ефект како чувари кои ќе бидат на терен 24/7“, објаснува градоначалникот Андреј Жерновски за причината зошто ќе постави чувари долж Градски ѕид.

Општинарите очекуваат идејата да ја реализираат за најмногу два месеца. До тогаш треба да ангажираат чувари, да обезбедат униформи, куќарки. Чуварите ќе можат да ги опоменуваат несовесните граѓани, но не и да поднесуваат пријави и слично. Во случај на прекршување на редот и мирот и на уништување јавно добро, чуварите ќе ги пријавуваат сторителите до надлежните во МВР.

 

Испрати коментар

Scroll To Top