Се отвори изложба на цртежи од творештвото на Родољуб Анастасов. Изложбата е поставена во „Галерија Јустина и Родољуб Анастасов“.
Имено, од минатата година, во рамките на Музејот на град Скопје, е отворена оваа „Галерија Јустина и Родољуб Анастасов“, а нејзиното формирање беше овозможено со донацијата од 346 дела, коишто авторот Родољуб Анастасов ги подари на Музејот.
Намерата е оваа Галерија циклично да го презентира целиот материјал кој го поседува. Овој пат тоа се дел од цртежите од циклусот „Енформелска лабораторија“, реализирани во периодот 1957 – 1965 година.