Во лондонската галерија Saatchi, отворена е најголема и прва меѓународна изложба посветена на рок легендите „Ролинг Стоунс“.
Изложбата наречена Exhibitionism ќе биде отворена до септември оваа година. Посетителите можат да погледнат никогаш досега видени фотографии, видеа, облека, стари снимки и сувенири од приватните архиви од членовите на бендот.
Еден кат на галеријата е целосно посветен на уметничките соработки на бендот со најголемите имиња во модата, филмот и уметноста во светот, како што се Александар Меквин, Енди Ворхол, Том Стопард, Мартин Скорсезе и други.
По повод отворањето, Мик Џегер изјави дека за изложбата се размислувало со години, но и дека самиот процес на реализација се покажал како исклучително тежок.
По Лондон, изложбата ќе патува по другите светски метрополи.