Насловна / Вести / Во Нерези се гради втората фаза од фекалната канализација

Во Нерези се гради втората фаза од фекалната канализација

Во урбаната заедница Нерези се гради втората фаза од фекалната канализација.нерези фекална канализација

– Правиме фекална канализација која е во должина од 650 метри, а вредноста е околу седум милиони денари. Со тоа ја поврзуваме целата населба која оди покрај каналот со новата населба во Жданец. Ова е голем инфраструктурен зафат кој ќе кореспондира заедно со затворање на каналот и ќе биде заедничка инвестиција со Град Скопје, како и реконструкција и изградба на улицата која води нагоре кон новата населба во Жданец, рече градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

Целата инвестиција е околу 25 милиони денари, а работата ја изведува фирмата „Евроинвест Инг“. Овој инфраструктурен проект целосно ќе заврши во наредните десет дена.

 

Испрати коментар

Scroll To Top