Насловна / Вести / Паркинзи на вода во Истанбул

Паркинзи на вода во Истанбул

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Паркинзи на вода планираат да направат властите на Истанбул, Турција. Предвидено е паркинзи да има крај брегот на Босфорот и на Мраморното Море, а со цел да се реши проблемот со сообраќајниот метеж во најгусто населените делови од градот.

Инаку, на паркинзите што ќе бидат на вода, ќе се отворат кафеани, галерии и игротеки, изјавија градските власти на Истанбул.
Според првичните проценки, еден ваков паркинг на вода, наречен ИСПАРК, ќе чини околу 9 милиони евра и ќе има место за 400 автомобили. Засега сè уште не е познато кога точно ќе почне да се реализира овој проект.

Веќе години наназад сообраќајниот метеж е еден од најголемите проблеми на 16 милионскиот Истанбул.

Испрати коментар

Scroll To Top