Глобалната американска компанија HP реализира лаптоп, со кој ќе се обиде да го привлече вниманието на целиот свет. Имено, најновиот лаптоп компјутер – Spectre 13, е дебел само 10,4 милиметри и се претпоставува дека е најтенкиот лаптоп некогаш создаден. Практично тој е потенок од MacBook на Apple и XPS 13 на Dell.
Spectre 13 располага со 13,3-инчен дисплеј, 8 GB RAM меморија и 256 GB меморија на основниот модел. Во поголемиот дел тој е составен од сив алуминиум, дното му е од материјал од карбонат, а во аглите има големи бронзени елементи.
Компанијата ќе започне да прима предвреме нарачки на Spectre 13 на 25 април, и стартната цена е 1.169,99 долари. Испораките ќе стартуваат во месец мај.
HP е еден од производителите на лаптопи, кој се насочува кон намалување на димензиите на уредите, нивната тежина и еластичност.