Архитектонското студио Tall Arquitectos е автор на проектот Biré Bitori (Плато), кој уште се нарекува Copper Canyon Cocktail Bar. Се работи за ресторан лоциран во импресивен амбиент, во планинскиот предел Сиера Мадре на североисточно Мексико. Објектот е конзолно прицврстен за планината, но со останатите свои страни буквално ледби во празниот простор, односно над кањонот и тоа на дури 246 метри височина.
Ресторанот се состои од две нивоа. На првото ниво е ресторанот, со под кој е изработен од стакло, со што уште повеќе се надополнува впечатокот од екстремната височина на која е лоциран објектот.
На второто ниво има прекрасна тераса со неверојатен поглед кон кањонот и кон ѕвездите, како и базен. Ресторанот ќе нуди мени со локални продукти, а мебелот е дизајниран од локални уметници.
Сепак, најважниот услов кој треба да го исполнувате за да уживате во ова место (освен да имате пари, се разбира), е да не се плашите од височина.