Насловна / Арт и дизајн / Tesla Model 3 влегува во масовно производство во 2017

Tesla Model 3 влегува во масовно производство во 2017

Конечно пристигна! Запознајте го автомобилот Tesla Model 3. Тој е елегантен, брз како молња и наменет за масовно производство и купување.tesla model3

И затоа не е чудно што ова е најважниот момент во историјата на Tesla Motors компанијата. Имено, Model 3 е долгоочекувана, луксузна лимузина, која со причина го привлече вниманието на светот, како и идните корисници. Иако делумно наликува на помалата верзија на Modelot S, „тројката“ има свои специфични карактеристики кои го прават различен од својот претходник. Внатрешноста му е дизајнирана минималистички, и ентериерот мошне модерно. Конструкцијата на класичен инструмент како таков веќе не постои, туку сето тоа е вградено во мултимедијален екран.

Во основната верзија, Model 3 забрзувањето од 0 до 100 километри на час треба да се постигне во шест секунди, а во понудата ќе се најде и побрза верзија на овој автомобил. Автомобилот има четири врати и пет седишта, а во однос на полнењето, батериите ќе се истрошат по 350 километри возење.

Што се однесува до изгледот, предната маска е во согласност со остатокот од каросеријата без декоративни детали. Кога сето ова ќе се земе во предвид, не е чудно што Tesla Model 3 веќе има долга листа на купувачи кои однапред го нарачале, околу 250.000 во првите четири дена по објавата, а цената на основниот модел изнесува 35.000 долари. Автомобилот со масовно производство ќе почне во 2017 година.

Испрати коментар

Scroll To Top