Зградата на булевар „Илинден“ бр. 83 блесна во нов лик и нови бои. Новата енергетско-ефикасна фасада, во договор со жителите, е во сиво-портокалови бои.
Оваа зграда, со површина од 2 135 м2, е деветтта по ред која ја реконструира општина Центар. Како и за сите досегашни фасади, се задржа автентичниот архитектонски изглед.
Оштетената фасада, која не беше реконструирана речиси 60-тина години, од која паѓаше малтерот и цели делови, сега е енергетски ефикасна, а сметките за струја за граѓаните ќе бидат пониски за 1/3.
Наскоро ќе биде готова и десеттата фасада, која се работи на зградата на улица. „Иван Милутиновиќ“.