Насловна / Вести / До јуни ќе заврши изградбата на далноводот меѓу Албанија и Косово

До јуни ќе заврши изградбата на далноводот меѓу Албанија и Косово

Најдоцна до јуни ќе заврши изградбата далноводот меѓу Албанија и Косово, изјави албанскиот министер за енергетика и индустрија, Дамијан Ѓикнури, кој заедно со дирекорот на секорот за пренос на електрична енергија, Енѓел Зеќо го посети реонот на изградбата на последниот дел од далноводот,Коман-Фиерза.далновод

Како што јави дописникот на МИА, Зеќо рече дека за подигнување остануваат уште четири столба, по што останува на 120 километри да се постават проводниците, кои до сега се поставени во должина од 30 километри. Се очекува работите за завршат на почетокот на јуни.
„Ова е една многуте значајни инвестиции реализирана последните години, која заедно до далноводот кон Подгорица видно го зголеми нивото на сигурност во обезбедувањето на елекрична енергја. Вршиме физичко унифицирање на албанскиот со косовскиот енергетски сектор, што ќе биде во полза на двете земји, имајќи превид дека ние произвдуваме струја од вода, а тие од јаглен“, изјави Зеќо.

Ѓикнури соопшти дека Албанија продолжува со вакви проекти, додевајќи дека изградбата на далновод со Македнија ќе почне следната година, за што, според него, средствата се веќе обезбедени.

Инаку. новата интерконекциска линија Тирана-Косово е финансирана од Владата на Германија, преку „КФВ банката“ во вредост од 42 милиони евра, за албанскиот дел.

Таа е во должина од 242 километри, од кои 155,5 километри се на албанска и околу 90 километри на косовска територија.

Испрати коментар

Scroll To Top