Градот Белград го пушти во употреба новиот систем за управување со јавното ослветлување во „Београдска улица“. Градоначалникот Синиша Мали, нагласи дека се работи за прв ваков систем за јавно осветлување во регионот на Југоисточна Европа. Станува збор за ЛЕД светилки чиј интензитет се регулира во зваисност од фреквенцијата на сообраќајот, и овозможуваат заштеда на електрична енергија и до 40%. Исто така, новата технологија овозможува преку еден центар да се контолира работењето на сите светилки во системот. Најавено е дека во тек е постапка за јавно приватно партнерство, со цел системот за јавно осветлување во Белград, осносно сите 160.000 столбови да бидат опремени со ЛЕД светилки и вклопени во оваа смарт технологија за регулирање на осветлувањето.