Насловна / Архитектура / Како ќе изгледа Студентскиот плоштад во Белград

Како ќе изгледа Студентскиот плоштад во Белград

Белград ќе добие нова урбана оаза како и подземна гаража на 20.000 квадратни метри. По завршувањето на планираните работи, познатиот Студентски плоштад треба да добие сосема нов изглед и ќе биде претворен во пешачка зона, пишуваат „Новости“.

Во план е, исто така, и изградба на подземна гаража во оваа област, која според идејниот проект ќе има три етажи и вкупно околу 20.000 квадратни метри.studentski plostad belgrad_1

Ќе има простор за 756 возила, а автомобилите ќе влегуваат во гаражата од страничните улици.

Градежната дозвола би требало да се добие на есен, а работите би започнале следната година. Во меѓувреме, според информациите, треба да биде изграден кружен тек на кој ќе бидат преместени тролејбуските и автобуските линии.

Како што може да се види на рендерот, планирано е интересно пејзажно уредување со многу зеленило, големи дрвени клупи, а плочникот ќе биде од бехатон.

Испрати коментар

Scroll To Top