Насловна / Вести / Енергетската ефикасност во Македонија – амбициите наспроти реалноста

Енергетската ефикасност во Македонија – амбициите наспроти реалноста

Gradiliste

Иако Македонија веќе ја транспонираше Европската директива за енергетските карактеристики на зградите, започна со обука на енергетски контролори и сл., се чини дека сè уште работите во оваа сфера не се отидени далеку од појдовната точка. Во Македонија има 300 инженери со лиценцирани енергетски контроли, и 86 лиценцирани компании.

Energetski pasos

Иако со подзаконски акти е регулирано новите згради  да бидат енергетски ефикасни и да имаат таканаречен енергетски пасош односно сертификат, иако има многу стари згради на кои се вршат сериозни реконструкции за подобрување на енергетската ефикасност (замена на прозорци, нови термоизолациони фасади и сл.), енергетските контролори, со оглед на нивниот голем број, имаат малку работа. Според нив, граѓаните сè уште немаат доволно свест, но и финансиски можности за да го направат домот енергетски ефикасен, што според пресметките, пак, ќе им донесе заштеда во сметките од 15 до 40%, особено доколку се загреваат со електрична енергија.

Tula

Засега, според податоците на Агенцијата за енергетика, сертификати за енергетска ефикасност во Македонија имаат само 45 објекти. Значи, лесно може да се заклучи дека најголем број од новоградбите не ја почитуваат оваа обврска.

energetska_efikasnost

Според експертот за енергетска ефикасност, Андреј Андреев, кој држи предавања на оваа тема во 18 земји во светот и под негов надзор се изградени 200 таканаречени пасивни куќи, односно куќи со минимална потрошувачка на енергија за греење и ладење, во Македонија, фрапантни 95 проценти од објектите за домување, во поглед на енергетската ефикасност се вон прифатливите стандарди за потрошувачка на енергија, односно припаѓаат во категоријата енергетски неефикасни и енергетски растрошни објекти.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top