Општина Аеродром ја прекина јавната анкета за деталниот нацрт-план за населбата Острово. Причина за прекинот како што велат од општината е што планерската куќа при уредувањето на просторот не водела сметка за пристапот до градежните парцели 21 и 22 преку секундарна улична мрежа и порадии тоа планот се повлекува на доработка.
Јавната анкета ги разбранува жителите на Аеродром поради тоа што во планот не се знае колку и какви куќи ќе се градат, нема одговори за зелените површини. При презентацијата имаше и инциденти кога на јавната анкета општинската службеничка повика полиција, наводно да ги смири реакциите на нервозните жители на Аеродром.
Од граѓанската иницијатива Сакаме Аеродром да дише,преку социјалните мрежи ги повикуваат граѓаните на будност и изразуваат сомнеж во најновата одлука на општината.