Насловна / Вести / Детската градинка „8 Март“ стана енергетски ефикасна

Детската градинка „8 Март“ стана енергетски ефикасна

Gradinka Przino

Детската градинка „8 Март“ во населба Пржино стана енергетски ефикасна. Објектот има нова термоизолациона фасада, прозорци и врати со високи термоизолациони својства и нов котел за греење кој наместо нафта ќе користи биомаса. Енергетската реконструкција на оваа градинка е дел од проектот „ Енергетска ефикасност во општинските асоцијации“, финансирана од страна на германското друштво за интернационална соработка во соработка со ЗЕЛС, преку регионален фонд за Југоисточна Европа.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top