Преубавиот град во кој се снимаат Game of Thrones и новиот Star Wars Episode VIII, досега беше познат по својата историја и архитектура, а отсега ќе биде познат и по тоа штo ќе биде првиот град во Хрватска кој ќе користи паметни технологии.
Засега станува збор за една паметна улица на која осветлувањето ќе обединува неколку технологии: 4G, оптика и Wi-Fi. Она што ќе биде овозможено веднаш е препознавање и регистрирање на прекршоците во сообраќајот, а подоцна ќе биде овозможена и идентификација на паркирани возила и мобилно плаќање на паркинг, јави Total Croatia News. Технологијата не е наменета само за туристите, туку треба да им помогне и на граѓаните на Дубровник, а и да ги намали трошоците од буџетот на градската управа. Дел од придобивките за граѓаните се брзите Wi-Fi хотспоти и многу корисни апликации.
Од 9 до 12 април е најавена Smart City Startups конференција која ќе се одржи токму во Дубровник.