Американската компанија United Airlines објави дека од 11 март годинава започнала со примена на биогориво за погон на патничките авиони на своите редовни линии. Притоа, се истакнува дека компанијата станала прва во САД која ја поминала фазата на демонстрациски летови на биогориво и започнала со комерцијална примена.
Во прво време авионите со бигориво ќе се опслужуваат преку Меѓународниот аеродром Лос Анџелес (LAX), а во наредниот период ќе се оспособи и Меѓународниот аеродром Сан Франциско (SFO).