Да се погледнеме „лице в лице“ е пораката на изложбата со стотина графики од македонски и од италијански уметници, поставена во битолскиот Завод и музеј. Ова е прва соработка на Битолското графичко триенале со Венециското биенале.
Во рамките на изложбата „Огледало, лице в лице“ претставени се дела на 40 значајни италијански уметници од оваа област и на 30 македонски автори, а манифестацијата ја следи и соодветна промоција во Италија.
Изложбата ќе биде отворена 10 дена во битолскиот музеј, по што ќе биде поставена уште една седмица во културниот центар „Магаза“.
По Битола, изложбата се преместува во Винченца, во Венеција и во Тревизо.
Еден од кураторите на изложбата е Владо Ѓорески, уметнички директор на графичкото триенале во Битола.