Насловна / Арт и дизајн / 55. Саем на мебел, Милано 2016 – И годинава распродадена престолнината на дизајнот

55. Саем на мебел, Милано 2016 – И годинава распродадена престолнината на дизајнот

Уште еднаш во центар на внимание, по 55-ти пат, Саем за мебел Милано, како платформа за иновации и локација која ја преферираат луѓето од овој сектор. Три поврзани настани се посветени на концептот живеење, на класичниот и на архитектонскиот мебел. Над 30.000 оператори од повеќе од 160 земји ширум светот, како и над 300.000 посетители, ќе го посетат овој саем  во периодот од 12 до 17 април на миланскиот саем. salon za mebel milano_5

Претставувајќи го асортиманот на производи со висок квалитет и соодветни услуги, Саемот за мебел Милано, уште еднаш е најважниот настан за сите луѓе кои работат во овој сектор, нудејќи најнови производи и решенија, и повторно ставајќи го Милано на тронот, како престолнина на дизајнот.

И оваа година е потполно распродадена, со 207.000 m2 изложбен простор и 2.310 изложувачи, од кои 30% доаѓаат од странски компании, а 650 се SaloneSatellite дизајнери. Овој саем уште еднаш ја потврди својата позиција на водечки форум за идеи, креативност, иновации и технологија, за бизнисмени, оператори и посетители, претставувајќи нови стилови низ напредни дизајнерски тендови.salon za mebel milano_4

„Педесет и петтото издание на Salone del Mobile.Milano, се поклопува со еден важен настан за нашиот град. Тоа е интернационалната изложба на миланското триенале „Design after Design“, која се враќа по пауза од дваесет години, а ќе биде отворена само неколку дена пред саемот. Тоа значи дека се поготвуваме за неверојатна дизајнерска пролет, со комбинации од настани за кои веруваме дека ќе му донесе на Милано интернационално внимание. Salone del Mobile, покрај FuoriSalone, ќе ги оживеат улиците и плоштадите на овој град, со стотици илјади љубители, туристи, професионалци и дизајнери, правејќи ја саемската недела прекрасна забава за сите нас“, изјави градоначалникот на Милано  Đulijano Pisapia.salon za mebel milano_6

Salone Internazionale del Mobile, интернационалната изложба на аксесоари за опремување на домот, ќе донесе над 1.300 изложувачи во простор од над 150.000 метри квадратни, поделен во две категории, Classic i Design. Овде најприметно ќе биде присуството на водечките брендови, како што се Borbonese, Fendi, Ferre, Paul Mathieu, Roberto Cavalli, Ungaro i Versace, Aston Martin, Ritz i Tonino Lamborghini.

Истовремено ќе биде одржано 19. издание на SaloneSatellite во павилјоните 13-15, со бесплатна влезница. Овогодишната тема е „New Materials, New Design“. Учесниците се одбрани од страна на престижен комитет, а со доделување на наградите ќе им се овозможи на младите луѓе да пружат чекор напред во светот на дизајнот, деловните луѓе и купувачите.

salon za mebel milano_2

Мешањето на работата и културата е мисија на миланскиот саем на мебел. Оваа година ќе биде одржана изложбата „Rooms.Novel Living Concepts“, во Palazzo dell’Arte во Mилано. Таа е посветена на архитектурата на ентериери и претставува визија за домот насочена кон иднината. Исто така, ова издание на саемот сака да оддаде почит на она што дошло пред самиот дизајн. Изложбениот настан „Before Design: Classic“ е рефлексија на класичната душа на современиот живот, а ќе биде претставен и краток филм од наградуваниот режисер Matteo Garrone.

Испрати коментар

Scroll To Top